Израелската војска изврши напад врз канцеларијата на Иранската ракометна федерација во Техеран.
Во текот на вчерашниот ден, како резултат на нападот, е ранет еден вработен во федерацијата, а оштетени се дел од просториите, вклучително и неколку трофеи.
Претседателот на Иранската ракометна федерација, Алиреза Пакдел, потврди дека дел од трофеите кои се чуваа во зградата се уништени.
Инцидентот е во рамките на засилениот конфликт меѓу Иран и Израел, кој започна во петокот на 13 јуни, но според претседателот на САД, Доналд Трамп, е договорен прекин на огнот.