Младост мисли на иднината – продолжи договори со пет свои деца

По ангажманот на тренерот Горан Андоновски, како и на Даниел Андоновски и Лазар Адамовиќ, Младост Богданци ги продолжи договорите со своите деца.

Нови договори на две сезони потпишаа петмина ракометари, кои веќе се дел од првиот тим на составот од Богданци.

Прволигашот со суперлигашки амбиции ги продолжи договорите со пивотот Стамен Гогов, средните бекови Ѓорѓе Ѓуриќ и Душан Каркалашев, левото крило Димитар Пеев и голманот Ефе Идризов.

Младост Богданци посакува следната сезона да се врати во елитната конкуренција во Македонија, каде последен пат настапуваше пред две сезони.