Младинците бркаат прва победа на СП – ривал е Мароко

Машката младинска репрезентација на Македонија денеска го игра првиот натпревар од разигрувањето за пласман од 17 до 32 место.

Ривал на избраниците на Раде Стојановиќ ќе биде селекцијата на Мароко, која како Исланд има два бода на првите две позиции во групата 3, додека покрај Македонија и Мексико е без бодови.

Победа на овој дуел Македонија ја враќа во битката за 17 место, но тешко е за верување дека Исланд ќе загуби од Мароко, па многу поверојатно е дека нашите младинци ќе се борат за 21 место (второпласираните од сите Президент Куп групи вкрстуваат меѓу себе за пласман од 21 до 24 место).

Од групата 3 од Президент Купот, Исланд и Мексико ќе играат од 14:00 часот, додека дуелот на Македонија и Мароко ќе започне од 11:45 часот во „Арена Катовице“.

СП младинци Полска, главна рунда, распоред, 1 коло:

група 1
11:45 Норвешка – Унгарија
14:00 Австрија – Словенија

група 2
16:15 Шведска – Хрватска
18:30 Португалија – Јапонија

група 3
16:15 Данска – Романија
18:30 Фарски Острови – Франција

група 4
18:45 Египет – Швајцарија
21:00 Германија – Шпанија

СП младинци Полска, Президент Куп, распоред, 1 коло:

група 1
16:15 Аргентина – Уругвај
18:30 Полска – Бразил

група 2
11:45 Кореја – Канада
14:00 Алжир – САД

група 3
11:45 Мароко – Македонија
14:00 Исланд – Мексико

група 4
11:45 Србија – Саудиска Арабија
14:00 Бахреин – Тунис