Младинската машка репрезентација на Македонија ја очекуваат уште четири средби до крајот на Светското првенство во Полска, по кои ќе биде познат конечниот пласман.
Најпрво во понеделник, од 11:45 часот противник на избраниците на Раде Стојановиќ ќе им биде Мароко.
Потоа во вторник на програмата ќе биде двобојот со Мексико од 14:00 часот, по што ќе биде познат пласманот во групата 3 од Президент Купот.
Во зависност од тоа кое место ќе го освоиме во оваа група ќе следуваат уште два меча за конечениот пласман на СП.