Новата сезона во Супер лигата ќе стартува во првиот викенд од месец септември, односно на 6/7.
Иако беше најавено дека тоа може да се случи на 31 август/1 септември, сепак на конференцијата на клубовите беше одлучено дека стартот ќе биде на 6/7 септември.
До крајот на есенскиот дел би требало да бидат одиграни 16 кола, додека преостанатите шест кола ќе се играат напролет.
Шампионот Еурофарм Пелистер ќе ја стартува одбраната на титулата со гостување кај Бутел Скопје, додека вицепрвакот Вардар оди кај Струга.
Амбициозниот Охрид гостува во Автокоманда, додека интересно ќе биде на дуелот меѓу Пролет и Тиквеш.
Новиот суперлигаш Еурофарм Пелистер 2 оди на регионален двобој со Прилеп, додека Куманово ќе го пречека Радовиш.