Унгарски судии за Македонија на мечот со островјаните

Светската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од првото коло на СП за младинци.

Македонија ќе се соочи со Фарски Острови, а судиите на оваа средба се од Унгарија – Криштоф Алтмар и Мартон Хорват.

Делегати на ИХФ на важниот натпревар за Македонија ќе бидат Мирослав Баум од Полска и Јован Попадиќ од Србија.

Натпреварот меѓу Македонија и Фарски Острови се игра во „Арена Катовице“ со почеток во 14:00 часот.