Младинците тренираа во Катовице – први на менито се Фарски Острови

Машката младинска репрезентација на Македонија го одработи првиот тренинг во салата во која ќе се играат натпреварите од Мундијалот.

Младинците под водство на Стојановиќ и Ангеловски тренираа вечерва пред првиот предизвик на СП.

Без Ристевски и Митев, ќе треба да се најде победничка формула против незгодните Фарски Острови кои ќе бидат предводени од Оли Митун, најдобриот стрелец од кадетското СП 2023 во Хрватска.

Натпреварот меѓу Македонија и Фарски Острови ќе се игра со почеток во 14:00 часот, а потоа од 16:15 ќе играат Романија и Исланд.