Олимпијакос слави титула во Грција, Вејин и Лиапис како шампиони доаѓаат во Охрид

Тимот на Олимпијакос стана шампион на Грција, откако славеше среде Атина во мајсторката против АЕК со 32-30.

Олимпијакос поведе во серијата со 2-0, но АЕК Атина се врати и со две победи по ред го однесе финалето во петти одлучувачки меч.

Кога сите го видоа АЕК како шампион, сепак Олимпијакос се надмина себе и со втора победа во Атина слави титула.

Олимпијакос многу веројатно ќе аплицира за место во Лигата на Европа, додека АЕК Атина ќе мора да се задоволи со учество во ЕХФ Европскиот Куп.

Двајцата членови на Олимпијакос, Предраг Вејин и Николаос Лиапис, како шампиони на Грција доаѓаат во Охрид на лето.