Денеска со собир пред канцелариите на Ракометната федерација на Македонија, младинската репрезентација го означи стартот на подготовките за настапот на Мундијалот во Полска.
Селекторот Раде Стојановиќ на скратениот список има 20 ракометари, а на него не се најде повредениот кружен напаѓач Самоил Ристевски.
Во Маврово отпатува една половина од националниот тим, а ракометарите кои што играат за тимот од Автокоманда и за Бутел Скопје, како и за Еурофарм Пелистер, ќе се приклучат утре во Маврово.
Младинците ќе бидат во Маврово до 13 јуни, а на 14 јуни заминуваат за Полска, каде ќе одиграат еден пријателски натпревар пред СП 2025.
Македонија е во група со Романија, Исланд и Фарски Острови, а натпреварите од прелиминарната рунда ќе ги игра во „Арена Сподек“ во Катовице.