Тимот на Слован Љубљана испиша златна страница во својата клупска историја и за првпат стана шампион на Словенија.
Избраниците на Урош Зорман ја доби финалната серија со Горење со 2-0, откако славеше и во Велење со 29-26.
Во екипата од Љубљана најефикасни играчи беа Лјевар со седум и Пајт со шест гола, а кај Горење се истакна Пип со девет погодоци.
Слован Љубљана стана петтиот тим што е шампион на Словенија од 1992 година па наваму по Целје, Горење, Пруле и Копер.
Целје има 26 титули, Горење пет, а по една Пруле и Копер.