Македонската репрезентативка Ива Младеновска и наредната сезона ќе ги брани боите на францускиот Безансон.
Таа имаше активен договор со Брест Бретањ, но реши да го раскине и ќе се концентрира само на настапите за Безансон.
18-годишната Младеновска се пресели во Франција во јули 2023 година од тимот на Металург, каде беше најдобар стрелец.
„Уживав во мојата прва сезона овде, па среќна сум што ќе продолжам уште една. Безансон е амбициозен клуб, и голема шанса за мене да собирам искуство, и да учам. Се надевам дека следната сезона ќе имаме многу повеќе успеси и резултати“, вели Младеновска.
Младеновска лечи повреда и веројатно нема да игра на претстојното Европско првенство во Црна Гора за младинки.