Египѓанецот Шабиб објави дека заминува од Битола

Мохамед Мамдух Шебиб, искусниот египетски ракометар и репрезентативец, го одигра својот последен натпревар пред битолската публика во дресот на Еурофарм Пелистер. Преку емотивна објава на Instagram, тој се заблагодари на навивачите за нивната поддршка и љубов:

„Го одиграв мојот последен натпревар во арената во Битола, беше исполнет со многу емоции. Благодарност до нашите неверојатни навивачи за вашата поддршка и љубов.“
напиша искусниот пивот на Instagram.

Мамдух, кој се приклучи на Еурофарм Пелистер во октомври 2024 година. Пред доаѓањето во Битола, Мамдух имаше богата интернационална кариера, настапувајќи за клубови како што се Замалек, Ел Џаиш, Монпелје и Динамо Букурешт..

Со француски Монпелје ја освои ЕХФ лигата на шампионите во 2018 година, а со египетската репрезентација има бројни настапи на светски првенства и Олимписки игри.

Тој во дресот на Еурофарм Пелистер ќе одигра уште најмалку три, а можеби и четири натпревари. Два во домашното првенство, во Автокоманда и во „Јане Сандански“, и плус уште Ф4 турнирот во Битола, каде во полуфиналето ќе игра против домаќинот Охрид..