Палмарсон спремен за пензија – го раскинува договорот со Веспрем

Легендата од Исланд, Арон Палмарсон, ја игра последната сезона во играчката кариера, објави неговиот клуб Веспрем.

Иако имаше активен договор и за наредната сезона со унгарскиот гигант, сепак Палмарсон побарал раскин и најавил дека заминува во пензија.

Левиот бек, кој играше за Веспрем од 2015 до 2017 година, дојде оваа сезона на барање на Чави Пасквал по повредата на Јахја Елдера.

Палмарсон му најавил на раководството дека не е во состојба да му помогне на тимот да ги оствари целите и побарал раскин.

Тој сепак ќе му биде на располагање на тренерот Чави Пасквал за дуелите од финалната серија за титулата во Унгарија против ПИК Сегед.