Пионерите на Охрид се шампиони на Македонија!

Пионерите на Охрид го совладаа домаќинот на Ф4 турнирот, Еурофарм Пелистер 2, со 21-12 и ја освоија шампионската титула.

Младите охриѓани комплетно го надиграа ривалот и уште на полувремето го најавија триумфот кога водеа со 10-6.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Колески и Трајчески со шест погодоци, одека Спироски даде пет.

Претходно во полуфиналето, младите „гладијатори“ го совладаа Вардар со 33-20, додека битолчани беа подобри од „сино-белите“ од Автокоманда со 19-15.

Во битката за третото место, Вардар ги совлада „сино-белите“ од Автокоманда со 24-18.