Борец ФЛ ќе биде исклучен од Супер лигата!

Одговорното лица нема да може да формира нов клуб, ако имa одиграно повеќе од 51 отсто од мечевите во првенството, сите што следуваат ќе ги загуби со службен резултат 10-0, и в година ќе мора да уплати и 200.000 денари и да поднесе барање за прием кај Натпреварувачката комисија при РФМ.

Новакот во машката Супер лига, Борец ФЛ веројатно нема да ја заврши сезоната и ќе биде исклучен од натпреварувањето. Причината е бидејќи неоправдано не го одигра натпреварот од Купот на Македонија против Еурофарм Пелистер 2 во Битола од четвртфиналната група. Наместо со 12 играчи, тие допатуваа со девет во Битола.

По чекање од еден час мечот беше регистриран како неодигран, што значи дека тој меч го губат служебно, и Еурофарм Пелистер 2 директно без меч се пласираше во финалето на 1/4 финалната група.

Исклучувањето на Борец ФЛ ќе значи дека тие в година ќе играат во Прва лига, а само еден тим од Супер лигата ќе игра бараж за опстанок со второпласираниот тим од Прва лига. Од ова најмногу ќе профитираат Струга, Радовиш и Куманово кои досега најмногу се „тресеа“ и беа во опасната зона за испаѓање.

Во Куп пропизициите за сезоната 2024/2025 се вели дека „За спроведување на Куп Пропозициите важат одредбите односно актите на Регистрациониот правилник, Дисциплинскиот правилник, Правилата на ракометна игра, Правилник за организација, учество и спроведување на ракометни натпревари, Пропозиции за сезона 2024/2025 на РФМ, Нормативните акти на РФМ како и Законот за спорт и позитивните законски прописи“.

Во Правилник за организација, учество и спроведување на ракометни натпревари, се утврдува што следува доколку екипа не го одигра својот меч од Куп на Македонија.

Во член 22 се вели:
Екипа која нема да одигра Куп натпревар во групна фаза или Ф4 ќе биде исклучена од
натпреварувањето во тековната сезона а одговорното лице нема право да пријави нов клуб и врши дејност во ракометниот спорт во траење од 3 (три) години, истото ќе се однесува и за сите нејзини младински категории.

Нејзините резултати постигнати во регуларниот дел од натпреварувањето се бришат ако екипата одиграла помалку од 51 % од натпреварите во регуларниот дел;
А во случај да има изиграно повеќе од 51% од натпреварите од регуларниот дел тогаш останатите натпревари се регистрираат со службен резултат 10:0 (-1) бод по натпревар.

Ракометните клубови наведени согласно претходните ставови на овој член, во следната натпреварувачка сезона доколку пријават учество истите треба да достават барање и пријава до Натпреварувачка комисија при РФМ/Комесар, Комисијата за регистрација и Комисија за лиценцирање со приложена уплата од 200.000,00 денари на сметка за развој на младинскиот ракомет, пријавата и барањето ќе бидат разгледани од органите и телата на РФМ и одлуката којаќе биде донесена ќе биде конечка, а уплатените средства се неповратни.

Фијаско на Борец – дојде со ДЕВЕТ ракометари, Еурофарм Пелистер 2 оди во битка за Ф4!