Селекторот на Словенија, Урош Зорман, го објави списокот на повикани ракометари за последните две средби од квалификациите за пласман на ЕП 2026.
Со оглед на тоа што Словенците го обезбедија веќе своето место на континенталниот собир, Зорман се реши да експериментира со составот и ќе смета на „некои нови клинци“ за дуелите со Литванија на гости и со Естонија дома.
Ги нема Лесјак, Јанц, Ферлин, Зарабец, Благотиншек, Кавчич, Базник, Хенигман, Влах, Кодрин, Сухолежник…како ниту Мачковшек, повредените Цехте и Овничек…
Зорман го има Макуц од оние што играа против Македонија, како и средниот бек на Еурофарм Пелистер, Домен Тајник, а од попознатите тука се Кљун и Грошељ, потоа Митја Јанц, Јовичиќ…
Има двајца нови играчи од Тримо Требње кој го води Раде Стојановиќ, Лан Грбиќ и Давид Миклавец, а ново име е и голманот Ален Скледар.
Она што не и оди на прилог на Македонија е тоа што со победа против Словенија, Литванија ќе биде второпласирана на крај и сигурна на ЕП, а ние ќе се пребројуваме во гол-разлика со најдобрите третопласирани и тоа со две планирани победи против Естонија и Литванија.
Словенија е прва на табелата со осум бода, Литванија има шест, Македонија два, додека Естонија е последна без бодови.