Кадетите ги дознаа ривалите – еве кои им стојат на патот до ЕП 2026

Денеска во седиштето на Европската ракометна федерација беше извршена ждрепката за групите од квалификациите за кадетското ЕП 2026.

Македонија ќе биде дел од групата Д и ќе игра против селекциите на Грција, Финска и Луксембург за место на ЕП 2026.

Први да се пријавата за организација на турнирите ќе имаат селекциите што беа влечени од третиот шешир, потоа од четвртиот, па од вториот, па на крај од првиот…

Тоа значи дека групата во која е Македонија, прва можност да се пријави Финска, па потоа Луксембург, па Грција и на крајот ако ниту една не сака да биде домаќин на квалификацискиот турнир, тогаш РФМ ќе може да аплицира.

Квалификациите ќе се играат во три дена – од 31 октомври до 2 ноември, а пласман на континенталниот шампионат ќе обезбедат прво и второпласираните селекции од петте групи.

ЕП 2026 ќе се игра во Србија од 8 до 17 јули.

Квалификации за ЕП 2025, кадети:

група А: Косово, Турција, Романија, Италија
група Б: Кипар, Летонија, Швајцарија, Полска
група Ц: Холандија, Словачка, Украина, Црна Гора
група Д: Луксембург, Финска, Грција, Македонија
група Е: Естонија, Литванија, Израел, Чешка