Левото крило на Еурофарм Пелистер, Цветан Кузманоски, ќе биде надвор од ракометните терени најмалку шест месеци.
Оваа вест ја објави шампионот, откако беа извршени лекарските прегледи по повредата на Кузманоски на мечот со Бутел Скопје.
Стружанецот по еден незгоден скок ги скина лигаментите на коленото, а тоа значи долга пауза што може да трае и девет месеци, па тој би требало да се врати дури во пролетниот дел од следната сезона.
Ова ќе биде голем удар за Еурофарм Пелистер, откако по повредата на рамото на тренинзите штотуку се врати Петар Атанасијевиќ, но допрва треба да влезе во форма.
Сега најголемиот товар на претстојните натпревари оваа сезона ќе падне на искусниот Дејан Манасков.
Следен натпревар за Еурофарм Пелистер ќе биде големото дерби против Вардар.