Македонскиот голман Мартин Томовски е најдобар чувар на мрежата во последното коло од Бундес лигата според „Handballytics“.
Томовски беше најзаслужен за втората победа на неговиот Потсдам во бундеслигашкото друштво над Вецлар со 32-28.
Тој забележа 14 интервенции со 37% на успешност на одбранетите удари, а успеа да фати и еден седмерец.
Според анализата и статистичките податоци, односно тежината на ударите од противничката екипа, Томовски се најде на првото место меѓу голманите иако Кузмановиќ имаше поголем процент на успешност.
Македонскиот чувар на мрежата се најде на врвот пред Доминик Кузмановиќ од Гумерсбах, Сергеј Ернандез од Магдебург, Константин Мостл од Лемго и Томаш Мрква од Кил.