Костов: Натпреварот во Кавадарци да биде пресвртница за да ја завршиме успешно сезоната

Ракометарите на Охрид ги очекува нов натпревар од суперлигашкиот плеј-оф и тешко гостување кај Тиквеш во Кавадарци.

Десното крило Наум Костов посакува два бода од гостувањето во „Јасмин“ и се надека овој меч може да биде пресвртница за охриѓани.

„Изгубивме некои натпревари на кои можеби можевме да извлечеме некој бод, но се уште има натпревари на кои може да одиграме добро и успешно да ја завршиме сезоната, а ова е еден од тие. Овој натпревар треба да биде пресвртница и со победа во Кавадарци да почнеме серија на победи, не чекаат и натпревари во Купот. Се надевам дека ќе се вратиме дома со триумф и тоа да ни биде голем чекор напред за да ја завршиме оваа сезона успешно“, вели Костов.

Натпреварот меѓу Тиквеш и Охрид се игра в четврток во салата „Јасмин“ во Кавадарци со почеток во 19:00 часот.