Легендарната Локе ќе го предводи Рунар

Една од легендите на женскиот ракомет, норвежанката Хајди Локе, во следната сезона ќе биде предводник на Рунар, клуб кој ќе има високи аспирции на домашна сцена.

Искусната Локе, која пред неколку дена беше во Битола како асистент на полскиот селектор, нејзиниот сонародник Арне Сенсад, својата кариера ја започна токму во Рунар.

Локе пред извесен период не ја прифати понудата од Ларвик за продолжување на соработката, па така оваа сезона најверојатно ќе биде нејзина последна во играчката кариера.

„Рунар започнува нов проект во женскиот ракомет и јас ќе бидам тренер. Потпишав договор на три години,“ изјави Локе за норвешките медиуми.

Рунар е добро познат клуб во машкиот ракомет,, а сега амбициозно ја гради и женската екипа со јасна цел – пласман во најквалитетното натпреварување во Норвешка.

Норвежанката има освоено дури пет титули во ЛШ – две со Ѓер и три со Вајперс Кристијансад, додека со репрезентацијата на Норвешка има златен медал од Олимписките игри во 2012 година, две злата од Светското првенство (2011 и 2015) и четири злата од Европското првенство (2008, 2010, 2014 и 2020).