Покрај комплетирањето на европските квалификации за СП 2025, минатиот викенд заврши и првенството на Северна Америка и Кариби.
Шампион стана селекцијата на Куба, која покрај тоa што освои трофеј, си обезбеди и место на Мундијалот во Германија и Холандија.
Кубанките обезбедуваат мундијалска виза по пауза од шест години, а тоа го направија со четири победи над САД, Мексико, Порто Рико и Канада во групата, како и со петтиот триумф во финалето над Мексико со 32-21.
Бронзата ја освои Канада откако славеше над САД со 26-20, додека последен заврши составот на Порто Рико.
Настапот на СП 2025 ќе биде петти за Куба на Мундијалите, а досега беше 21 во 1999, 23 во 2011 и 2015, како и 21 во 2019 година.