Женската сениорска репрезентација на Фарски Острови, која минатата година дебитираше на едно големо натпреварување – Европското првенство, е на чекор до нов историски успех, односно до пласман на Светското првенство.
Островската селекција пред својата публика славеше убедливо над Литванија со 36:26 (15:11), во првиот натпревар од баражот за пласман на СП, па на реваншот ќе патува со голем капитал.
Ракометарките на Фарски Острови ќе можат да си дозволат и мал луксуз на реваншот, да загубат со помала разлика или да одиграат нерешено, но јасно е дека Литванија нема големи шанси да дојде до некоја сензација.
Убедливи победи остварија и селекциите на Црна Гора и Исланд, кои на реваншнатпреварите ќе треба само да ја потврдат фаворитската улога. Црногорките на гостувањето во Португалија триумфираа со 31:19, додека Исланд славеше над Израел со 39:27.
Македонската репрезентација, пак, загуби на гостувањето кај Полска со 22:18 и на реваншот во Битола ќе се обиде да ја анулира негативата од четири гола и да избори пласман на Мундијалот.
Станко даде 14 гола, трилерот меѓу Словенија и Србија заврши реми