Репрезентациите што ќе играат на Светското првенство за кадети во Египет ги дознаа своите ривали во групната фаза.
32 селекции беа дел од ждрепката што се одржа во Каиро, а ова ќе биде втор Мундијал во оваа конкуренција што ќе се игра со толку репрезентации по оној во Хрватска пред две години.
На СП во Египет ќе играат 17 европски репрезентации, пет од Африка, пет од Азија, три од Централна и Јужна Америка, како и еден од Северна Америка и Кариби.
Бранителот на титулата, Шпанија, се најде во групата Ц со селекциите на Србија, Хрватска и Алжир, па нема да има лесна задача за прогрес во главната рунда, каде одат прво и второпласираните селекции од групите.
Домаќинот Египет ја одбра групата Г и ќе игра против три азиски репрезентации – Јапонија, Кореја и Бахреин, а сребрените од СП во Хрватска – Данците, ќе играат во групата Х со Тунис, Чешка и САД.
Мундијалот за кадети ќе се игра во четири сали во Каиро од 6 до 17 август.