Питлик и Фленсбург во љубов до 2030 година!

Данскиот репрезентативец Симон Питлик го продолжи актуелниот договор со бундеслигашот Фленсбург за уште три сезони.

Тој во 2023 година дојде од ГОГ Гудме, потпиша до 2027 и уште во првата сезона покажа дека ќе биде големо засилување.

Сега тој договор е продолжен за дополнителни три сезони и данскиот лев бек ќе остане на северот на Германија најмалку до 2030 година.

Откако се појавија шпекулации дека Фуксе Берлин сака да ги спои Питлик и Гидсел и ќе упати понуда се левиот бек, Фленсбург реши да се „осигура“ и да го врзе Питлик на уште пет сезони.