Седлоска одлична против Замет, Трпевска без грешка против Сплит

Двете македонски интернационалки во хрватското првенство, Андреа Седлоска и Ивона Трпевска, имаа одлични партии во последното коло пред репрезентативната пауза.

Седлоска беше меѓу најдобрите стрелци со пет од осум обиди во победата на нејзината Локомотива Загреб на гости кај Замет Ријека со 32-25.

Трпевска пак не промаши ниту еднаш во четири обиди на мечот со Сплит и имаше втор најдобар индекс на корисност во нејзината Далматинка Плоче, која славеше со 29-25.

Седлоска и Локомотива Загреб сега се на второто место со 29 бодови, додека Трпевска и Далматинка се наоѓаат на петтото место со 20 бода.