Тиквеш веќе го слави пласманот во плејофот по триумфот во Скопје над Бутел 33-21 (15-11) на четири кола до крај на регуларниот дел од сезоната. За разлика од кавадарчани, домашните имаат уште шанса во следните мечеви да го потврдат местото во ТОП 6 што ќе им донесе помирна пролет, и разигрување за титулата и европските купови.
Каварачани вратија за есенскиот пораз од 24-23, а сега е уште поважно што избегаа на табелата, и имаат 20 бода, два повеќе од Бутел. И двете екипи се најсериозни за пласман во плејаутот, но вашно е лпј ќе биде петтопласиран а кој шести, бидејќи петтиот стартува со еден бод во разигрувањето, а последниот, односно шестиот ќе тргне без бодови.
Гостите заслужено победија, имаа водство во тек на целиот меч, за разлика од домашните кои не беа комплетни поради настинки и болести, но и без тоа делуваа непрепознатливо. Тешко се стигнуваше до голот на Арсиќ, чии соиграчи во одбраната направија бедем што не се пробива.
Клучната предност Тиквеш ја направи на почетокот на второто полувреме когфа со серија 4-0 зголеми на 19-11 најавувајќи не само победа, туку дури и триумф кој може да биде убедлив. Малку измени правеше тренерот Кристијан Грчевски, кои оние што беа на теренот даваа се од себе.
Предноста потоа лесно се искачи на „плус 9“ за Тиквеш што беше најава за завршница во корист на „лозарите“. Лесно постигнуваа голови, а тешко дозволуваа топката да дојде до голманот. „Десетката„ беше раситнета во 47 минута со голот на Обина кога Тиквеш поведе со 26-16. Тоа беше најава за мирна завршница на мечот во корист на гостите.
Најдобри стрелци во победничкиот состав беа Евгениј Темелкоски со осум и Кристијан Анастасовски со седум погодоци, додека кај Бутел Скопје се истакнаа Дамјан Субашевски со шест и Димитар Узунчев со пет гола.
Во следното коло Бутел гостува кај Струга, а Тиквеш е домаќин на Прилеп.