Тимот на Струга донесе трето засилување пред крајот на регуларниот дел од сезоната во Супер лигата, односно пред стартот на плеј-аут битките за опстанок во елитната конкуренција.
По десниот бек Лазар Адамовиќ и десното крило Александар Стојков, во Струга дојде и кружниот напаѓач Филип Талевски.
Тој доаѓа од составот на Радовиш, каде играше една и пол сезона, а претходно има настапувано за Алушовски, Еурофарм Пелистер 2 и за тимот на Аеродром.
Струга досега има три победи и 14 порази, а во 18 коло му гостува на Радовиш. До крајот на регуларниот дел, избраниците на Наум Танески ќе играат дома со Бутел Скопје и Тиквеш, а одат на гости кај Прилеп и Вардар.