Николов и Начевски ќе го судат дербито во ЛШ!

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за 12 коло од Лигата на шампионите.

Најдобрата судиска двојка Славе Николов и Ѓорѓи Начевски по мечот за третото место на Мундијалот, се враќаат на клупска сцена во елитната конкуренција.

Николов и Начевски се делегирани на дербито на 12 коло меѓу германскиот Магдебург и данскиот Алборг.

Овој натпревар што е многу важен за бундеслигашот е закажан за 19 февруари во „Гетек Арена“ со почеток во 20:45 часот.