Кирпријановска и Самбр Авенуа се израдуваа на гостински триумф

Тимот на Самбр Авенуа, каде што игра македонската репрезентативка Јована Кипријановска, запиша триумф во францускиот шампионат.

Самбр Авенуа славеше на гостински терен кај Тулон со 32-29, откако на паузата беше нерешено, 14-14.

Кипријановска имаше важна улога во победата и успеа да постигне четири погодоци во домашната мрежа, а заработи и две исклучувања од две минути.

Самбр Авенуа сега има 21 бод, се наоѓа во безбедната зона, а следниот меч го игра на гостински терен кај Сен Аман.