По Оскар Бергендал, Мануел Зендер и Омар Инги Магнусон, уште двајца ракометари на Магдебург влегоа во болницата на бундеслигашот.
Станува збор за Кристијан О’Саливен и Албин Лагергрен. Норвешкиот репрезентативец веќе беше на операција на левото колено во текот на вчерашниот ден и ќе биде надвор од терените најмалку еден месец.
Швеѓанецот Лагергрен заработи повреда на мускулот на ногата на тренинг, но за неговата пауза дополнително ќе биде познато.
Јасно е дека стратегот Бенет Вигерт нема да ги има ниту еден од нив на располагање за дуелот против Келце во Лигата на шампионите.
И покрај големите проблеми, Магдебург најави дека нема да купува нови ракометари и ќе ги чека сите повредени да се вратат во стројот.