Левото крило Филип Главаш се очекува кариерата да ја продолжи во Бундес лигата, поточно во тимот на Фленсбург, пренесува „Хендбол планет“.
27-годишниот ракометар со одличниот настап на штотуку завршениот Мундијал стана интересен за неколку моќни клубови.
Искусниот Главаш со Хрватска го освои среброто на СП и беше втор најдобар стрелец во редовите на ,,коцкесите”, на девет натпревари постигна 39 погодоци.
Доколку се реализира трансферот, тогаш Главаш во Фленсбург ќе го има второто интернационално искуство по настапите за Тримо Требње.
Главаш моментално го носи дресот на Загреб, а во својата кариера беше дел и од Замет, Вараждин и Пореч.
Загреб во следната сезона на позицијата десно крило ќе ги има на располагање младите репрезентативци на Србија, Матеја Додиќ и Алекса Туфенџиќ.