Пролет го промовира Стоилевски, донесе и пивот од Бутел Скопје

Тимот на Пролет го промовираше првото засилување во зимскиот преоден рок и за пролетниот дел од Супер лигата.

Како што најави 24Ракомет, десното крило Никола Стоилевски по кратка пауза се враќа на ракометните терени и ќе ги брани боите на тимот предводен од Никола Матлиески.

Покрај Стоилевски, Пролет донесе и млад кружен напаѓач од Бутел Скопје, Стефан Јовевски.

Пролет е во битка со Бутел Скопје, Тиквеш и Прилеп за двете места што водат во суперлигашкиот плеј-оф.