Македонската репрезентативка Ива Младеновска до крајот на сезоната ќе ги брани боите на францускиот Безансон.
Десниот бек му се придружува на новиот клуб како „медикал џокер“ надвор од преодниот рок и ќе биде на позајмица од Брест Бретањ.
Младеновска има силна конкуренција во Брест на десната бековска позиција каде игра Ана Вјахирева и Кристина Новак, па настапите во Безансон ќе и дојдат одлично во потрагата по натпревари со силни ривали.
На лето од Брест заминува Новак, па Младеновска би требало да добие поголема шанса од Рафаел Тервел.
Безансон е на високото петто место зад Мец, Брест, Дижон и Шамбре Турен, па ќе има шанса да се бори за место во европските купови.