Со триумфот над Катар со 39-34, македонските ракометари и стручниот штаб заработија нова премија.
По двата милиони денари за првата победа над Гвинеја, сега финансиската награда се зголеми за уште толку.
Досега таа изнесува вкупно четири милиони денари, по два од Ракометната федерација на Македонија и Министерството за спорт.
Следен предизвик за Македонија ќе биде дуелот со европскиот шампион Франција в сабота во „Вараждин Арена“ со почеток во 20:30 часот.