Репрезентацијата на Холандија успеа да слави во пресметката со Катар со 38-37 и тоа со гол постигнат во последната секунда.
Судиите мораа да прегледуваат снимка за да бидат сигурно дека погодокот е постигнат пред да истече времето.
Откако потврдија дека голот е постигнат во рамките на времето, радоста на стрелецот Нилс Верстеијнен и неговите колеги можеше да почне.
Со овие бодови Холандија останува во трка за четвртфиналето, додека следен предизвик за Катар ќе биде средбата со Македонија.