Додека е со Македонија на СП, доби нов клупски договор!

Тренерот на голманите во репрезентацијата на Македонија, Нинослав Павелиќ, има причина плус за задоволство за време на настапот на Мундијалот во неговата татковина.

Павелиќ, кој сигурно може да биде задоволен од изданијата на Никола Митревски и Марко Кизиќ на голот на Македонија, има уште една причина ова СП да го памети по убаво.

Тој доби нов договор од швајцарскиот шампион Кадетен Шафхаузен и ќе остане дел од стручниот штаб на Хрвоје Хорват најмалку до 2027 година.

Павелиќ работеше во Нексе Нашице, а во македонската репрезентација дојде пред настапот на ЕП 2024. Мундијалот во Хрватска, Данска и Норвешка е второ големо натпреварување на кое Лазаров го има Павелиќ во стручниот штаб.