Откако остана без Домагој Дувњак, селекцијата на Хрватска останува и без Лука Циндриќ до крајот на домашното СП.
Според „РТЛ“, Игор Карачиќ кој доби дополнителен повик од селекторот Сигурдсон е замена всушност за Лука Циндриќ.
Неговата повреда исто така се покажа сериозна, па Хрватите ќе бидат значително ослабени во продолжение на Мундијалот.
Но со оглед на тоа што Сигурдсон не направи замена за Дувњак, јасно е дека верува дека капитенот би можел да се врати на теренот до крајот на СП.
Хрватите ги совладаа Аргентина и Бахреин, а денеска ќе се соочат со Египет за првото место во групата.