Ончев дебитираше за новиот тим во Шпанија

Македонскиот интернационалец Тоше Ончев по само неколку дена од пристигнувањето во Шпанија веќе дебитираше за новиот клуб Новас.

Во натпреварот од 16 коло во Дивизион Де Онор Плата, Новас загуби на гостувањето кај Пуерто Сагунто со 27-23.

Велешанецот беше меѓу подобрите во гостинскиот состав и успеа три пати да погоди во противничката мрежа на дебито.

Следен предизвик за тимот на Новас и Ончев ќе биде домашниот натпревар против Аменабар на 25 јануари.