Некогашниот голман на Металург, Предраг Мијатовиќ, се врати во српскиот ракомет и ќе го брани голот на Динамо Панчево.
Мијатовиќ, кој има 23 години и е поранешен младински репрезентативец на Србија, по долго време повторно ќе брани во татковината.
Дојде како голем талент во Автокоманда, до 2020 година беше дел од Металург, а потоа замина во францускиот Екс Ан Прованс.
Таму остана две сезони, па се пресели во Австрија во составот на Вест Виен, од каде што доаѓа во Динамо Панчево.
Во тимот предводен од стратегот Никола Јаневски, брани искусниот Милан Косановиќ, тука е и Никола Чировиќ, па Динамо ќе има одлично трио голмани.