Тимот на Чаир во продолжение од сезоната ќе биде посилен за десниот бек од Романија, Софија Чавар.
Станува збор за 22-годишна ракометарка, која потекнува од школата на ЧСМ Букурешт и таму играше до 18 години, а со првиот тим ја освои шампионската титула во Романија во 2021 година.
Потоа во потрага по поголема минутажа играше за Актив Плоешти и Дева, а од минатото лето го имаше првиот интернационален ангажман во полскиот Кожалин.
Сега доаѓа во Чаир и ќе се обиде да му помогне на клубот во походот кон најголемиот европски успех. Чаир в сабота и в недела во СЦ „Јане Сандански“ во осминафиналето од Европскиот Куп ќе се сретне со чешкиот тим Славија Прага.
Клубот во меѓусезоната го напуштија десното крило Михаела Ангеловска и десниот бек Маја Митревска.