Јагуриновски: Имавме една замисла за последниот напад

Македонија успеа да одигра реми 27-27 во драматичниот натпревар против големата Унгарија на стартот на СП 2025.

Бекот Томислав Јагуриновски ги сподели импресиите по освоениот бод против моќната Унгарија.

„Сакам да им честитам на моите соиграчи за борбената игра на натпреварот. Имавме една замисла за последниот напад, во која малку се искомплицираа работите. Јас можеби го направив тој потег кој беше клучен да ја загубиме топката и жалам за тоа, но одиме понатаму. Одигравме добро против една квалитетна репрезентација како Унгарија, на претходното Европско првенство игравме со една квалитетна Швајцарија. Се надевам дека секој меч ќе покажуваме се повеќе“, изјави Јагуриновски.

Следен предизвик за репрезентацијата на Македонија ќе биде дуелот со Холандија на 17 јануари.

Храбрата Македонија до голем бод против моќната Унгарија

 

Пешевски: Ова беше тежок ден за нас, но собравме сили да изгинеме на теренот

 

„Бековската тројка против Унгарија ми заличе на Мојсовски, Миркуловски и Лазаров!“

 

 

Кузмановски: Покажавме како треба да се игра за Македонија

 

 

Костески: Тежок и исцрпувачки меч – малку фалеше да победиме!