Седлоска сама го победи Сплит

Тимот на Локомотива Загреб, каде што игра македонската репрезентативка Андреа Седлоска, запиша нова победа во хрватскиот шампионат.

Локомотива предводена од Седлоска, славеше на гостувањето кај Сплит со 28-21, иако на полувремето водеше само минимално.

Седлоска имаше одлична партија, особено во второто полувреме кога составот од Загреб ја градеше клучната предност.

Таа беше најдобар стрелец во победничкиот тим и постигна вкупно осум погодоци, од кои седум беа во вторите 30 минути.

Локомотива Загреб сега има 14 бодови и се наоѓа на третото место, а во следното коло му гостува на Бјеловар.