Екипата на Ваљадолид, во која настапуваат Мартин Карапалевски и Димитар Димитриоски, денеска за ривал во Аобал лигата ја имаше второпласираната Торелавега.
Тимот предводен од екс вардарецот Давид Писонеро одигра одлично во двете полувремина и се избори за голем бод, натпреварот заврши без победник, 31:31 (13:13).
На овој дуел, левото крило Димитриоски одигра речиси без грешка, погоди трипати од четири обиди, додека Карапалевски не се запиша во листата на стрелци.
Ваљадолид со денешниот бод остана во игра за едно од местата кои што водат на европска сцена. Моментално, тимот на Ваљадолид се наоѓа на 8. позиција со 16 бодови.