Македонскиот стратег Марјан Колев од идното лето ќе има нов предизвик во тренерската кариера.
Тој по три сезони заминува од францускиот второлигаш Курнон Доверњ, каде што настапува и Марко Мишевски.
Колев успеа да испише убава страница од историјата на Курнон и од Третата лига го однесе еден ранг повисоко.
„Му се заблагодаруваме на Марјан Колев за посветеноста и професионалната работа во трите сезони. Toј имаше значајна улога во развојот на нашиот клуб и учествуваше во историскиот успех“, напишаа од Курнон.
Mакедонецот кој поседува Мастер коуч лиценца долги години е во Франција. Како играч беше дел од Вилфранш, Гонфревил, Монтелимар, Сент Егре, а потоа во овој клуб ја започнува и тренерската кариера пред да замине во Ница, каде остана шест сезони.