„Македонскиот“ Холабрун на чекор до перфекција во Австрија

Тимот на Холабрун, кој е предводен од македонскиот стратег Влатко Митков, запиша нова победа во Австрија.

Холабрун, каде играат и двајцата Македонци – Хари Павлов и Филип Арсеновски, славеше со 28-25 против Ацгерсдроф во 12 коло.

Десниот бек Павлов погоди три пати, додека кружниот напаѓач Арсеновски реализираше два гола во противничката мрежа.

Ова беше 12 победа на 12 меч во сезоната за Холабрун, а до крајот на полусезоната во Втората лига на Австрија, ќе гостува кај Сент Полтен.