Кобилинска: Македонија е далеку од топ репрезентација, ние сме големи фаворити

Женската репрезентација на Македонија ќе се соочи со Полска во баражот за Светското првенство 2025 во Германија и Холандија.

Најдобрата ракометарка на Полска, Моника Кобилинска, ја коментираше ждрепката и вели дека ја преземаат фаворитската улога.

„Мора да бидеме среќни по ждрепката, особено ако знаеме дека можеа да ни се паднат селекции како Хрватска и Србија. Ние дефинитивно ќе бидеме големи фаворити и ќе покажеме дека заслужуваме да играме на СП. Не го познавам ривалот доволно, па мора да се подготвиме добро. Како и да е, според резултатите, знам дека Македонија е далеку од топ репрезентациите, па мислам дека имаме добри шанси“, вели Кобилинска.

Првиот натпревар се игра на теренот на Полска на 9/10 април, додека реваншот ќе се игра во Македонија на 12/13 април.