Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 во натпревар од 13. коло од прволигашката конкуренција дојдоа до убедлива победа над Металург РА со 41:21.
За довчерашниот суперлигаш ова беше 10-та сезонска победа и со новите два бода веќе осамна на лидерското место во групата А.
Избраниците на Зарков тргнаа фуриозно, поведоа со 12:1, на полувреме заминаа со плус 15, 21:6, и рутински го одработија вториот дел.
Најефикасни во победничката екипа беа Мирче Калајџиовски со осум и Стефан Дрогришки и Ненад Белистојаноски со по шест гола.
Во поразениот табор се истакна Џулијано Христоски со пет гола, по четири запишаа Коста Николовски и Бојан Поповски.