Тимот на Холабрун, каде што тренер е Влатко Митков, а настапуваат Хари Павлов и Филип Арсеновски, обезбеди место во осминафиналето на Купот на Австрија.
Во пречката од 1/16 финалето, Холабрун славеше на гостински терен кај Шпаркасе Хорн со убедливи 46-30.
Десниот бек Павлов постигна шест погодоци, додека кружниот напаѓач Арсеновски беше стрелец на три гола.
„Македонскиот“ Холабрун нема пораз ниту во лигашките натпревари, па есенската полусезона ја заокружува со одличен биланс.