Тимот на Бенфика, каде што настапува македонскиот репрезентативец Филип Талески, запиша нова победа во португалскиот шампионат.
По дерби триумфот над Спортинг Лисабон, Бенфика славеше на гостувањето кај Спортинг Хорта со убедливи 40-24.
Тренерот Хота Гонзалес, ја распореди минутажата кај сите ракометари во тимот, а Талески покрај значајната улога во одбраната, постигна и два гола во противничката мрежа.
Бенфика сега 42 бода на третото место, но Спортинг Лисабон и Порто се на делба на првото место со по 46.
Следен предизвик за Талески и Бенфика ќе биде домашниот дуел со Повоа.